Американските блогери и вљубеници во Македонија, Одри и Хари, кои лани ја добија првата награда за патувачки блог, го честитаа Велигден со фотографија од македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ од Вилоубрук, Чикаго.
„Тој воскресна! Среќен Велигден на нашите македонски православни пријатели и следбеници. Ова фото е направено во македонската парвославна црква во Вилоубрук, Илиноис, САД. #ПравославенВелигден #Македонија #македонски #ВелигденНедела #Велигден #НиеСмеМакедонија #Велигден2020“, објави на Твитер двојката инфлуенсери, кои меѓу 69 држави ја посетија и Македонија и жестоко се борат за правото на Македонците да се нарекуваат себеси и својата држава по своја волја.
На Грците посебно им бодат очи репортажите од Македонија на нивниот блог The Budget Savvy Travelers и паролата „Ова не можете да го најдете во Грција. Можете да го најдете само во Македонија“.





