Македонска снаа патриот се бори за место во парламентот на Западна Австралија

На парламентарните избори во Западна Австралија, кои се одржауваат денес, македонската снаа Џесика Стојковски, сопруга на Македонецот Сиљан Стојковски, повторно е кандидат за пратеник во Законодавното собрание на Западна Австралија, од Лабуристичката партија, од изборната единица Кингсли во Перт.



Џесика по потекло е од Англија, мајка на две деца, но како македонска снаа одлично го зборува Македонскиот јазик.

Македонците во Западна Австралија безрезервно и’ ја честитаа победата на последните парламентарни избори пред четири години во 2017 година.

Џесика Стојковски на Годишната национална конференција на Лабуристичката партија за Западна Австралија во 2017 година предложи резолуција која помина безрезервно, со која се повикува Сојузната влада на Австралија да ја признае Македонија како Македонија, а не како “поранешната Југословенска Република Македонија“!

Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и Светскиот Македонски Конгрес и’ изразуваат безрезервна благодарност на Џесика Стојковски за нејзината работа.

На предлог на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, 27 Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржано на 5 август 2017 година во Скопје на пратеничката Џесика Стојковски и’ го додели највисокото семакедонско признание, почесната титула Македонски сенатор.

Во Резолуцијата за Македонија, којашто е дел од тригодишната програма за работа на партијата, се вели: “Конференцијата го истакнува извонредниот придонес на Македонската заедница во Западно-австралиското и Австралиското општество. Нивниот придонес ја збогати нашата заедница и придонесе кон збогатување на вредностите на Лабуристичката партија. Тие се пример на сеопшиот придонес којшто сите мигранти и бегалци го сториле во Западна Австралија. Конференцијата потврдува дека Австралија е една од ретките земји во светот која сè уште го користи терминот поранешна Југословенска Република Македонија во односите со Македонија, што не е случај со другите републики на поранешна Југославија. Конференцијата потврдува дека со ова се врши навреда на Македонската заедница и дека, како приоритетно прашање, Сојузната влада и секоја идна Федерална влада на Лабуристичката партија треба да го отфрли префиксот “поранешна Југославија” и да ги задржи само зборовите Република Македонија. Конференцијата, исто така, ја повикува Федералната Влада на Лабуристите да го разгледа прашањето за отворање на Австралиска амбасада во главниот град на оваа држава, за да им служи на интересите на Австралија во поширокиот регион.“

Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и Светскиот Македонски Конгрес апелираат до Македонците во Западна Австралија изборната единица Кингсли во Перт, масовно да излезат на гласање и својот глас го дадат за листата со кандидатот за пратеник Џесика Стојковски! Очекуваме победа!

“Никогаш северна, само Македонија!”, пишува во соопштението на СМК.