Македонска салата со египетски кромид – Каде оди домашното прозиводство?!

Македонскиот увоз оди надвор, а ние дома јадеме неквалитетно. Домашното квалитетно производство за многу пари оди дури од земјата на пирамидите. Во државава се набавува кромид од Египет, домати од Полска, пиперки од Хрватска, моркови од Грција, тиквици од Турција, објави Телма. Според, податоците од Цариската управа може да се види дека од почетокот на годинава до сега, голем увоз на овие производи се правел и од овие држави.



Земји од каде се врши увоз на:

Домати – Албанија, Грција, Полска, Србија, Турција и Косово.

Пиперки – Грција, Хрватска, Турција и Косово.

Кромид – Австрија, Грција, Хрватска, Египет, Молдавија, Холандија, Србија и Косово.

Моркови – Албанија, Грција, Турција и Косово.

Тиквици – Албанија, Грција и Турција.

За овие продукти и за други видови  овошје и зеленчук, пред неколку дена Владата донесе и одлука да се намалат царинските давачки. Според податоциоте тие во земјава се внесуваат и од држави од регионот  кои се дел  од ЦЕФТА, како Албанија, Косово, Србија. Но, во тој случај при влез во земјава за нив не се плаќаат давачки. Според тоа, со ваквата владина мерка очигледно ќе  поевтини доматот, краставицата, кромидот, пиперките, морковите,  кои доаѓаат од далеку, односно од  ЕУ , но и од други земји.

Со години наназад Македонија се декларира како земјоделска земја. Се воведуваат програми, субвенции за зголемување на производството. Но, зошто и покрај ваквите напори земјава е принудена да увезува кромид  дури од Египет, министерот за земјоделство Николовски одговори дека нашето производство го има и тука, но и се извезува. А производството за одредени работи расте.

Поради тоа што е регистриран зголемен извоз, се одлучи на 10 отсто да се намалат царините за кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковите, модриот патлиџан, тиквички. Мерката ќе важи до крајот на февруари. Се намалува  царината  и за  доматите, краставиците, корнишоните, благите и лутите пиперки, но за нив ќе почне одлуката да важи два месеци подоцна, затоа што сега нивното производство е големо.