Македонска реалност – училиште поплавено, учениците на онлајн настава

650 кочански средношколци се принудени да следат онлајн настава, бидејќи електро-машинското училиште „Гошо Викентиев„ е целосно поплавено. Дождот го наполни училиштето поради несоодветна реконструкција на кровот, која изведувачот ја започнал неодамна, но оставил еден поголем дел да остане непокриен – пренесе Сител.



-Настана оваа хаварија, се поплавија голем број на кабинети, уништен е поголем дел од компјутерската опрема и училишниот инвентар на школото. Електричната енергија е исклучена на први и втори спрат, заради безбедност на зградата-изјави Спирко Златков, в.д Директор на СОУ „Гошо Викентиев“ -Кочани.

Нај поплавен е вториот кат. Изминатите 3 дена, наставниците и останатиот персонал ја ваделе водата и се обидувале да спасат дел од опремата.

-Влагата се симна и проби и на другите катови. Значи, вода имаме и на првиот кат и на приземјето- додаде Златков.

Златков не можеше да прецизира колкава ќе биде висината на штетата, бидејќи се уште не е пристигнат инспекторот кој треба да изврши проценка. Сигурно е дека учиниците, оваа, а можеби и следната недела нема да посетуваат настава.