Македонска правосудна мафија жива фатена како го крши законот

Неформална група во која членуваат најмалку под еден политичар, обвинител, судија и адвокат е дел од скандалозен случај во кој со цел преземање на успешна фирма погрешно е процесиран јасен член од Законот за јавно обвинителство.



Членови на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет потврдуваат дека се информирани за голем скандал во кој најверојатно под влијание на политички фигури најмалку по еден обвинител и судија погрешно практикуваат член на закон и нанесуваат штета на компанија која е под прогон од финансиски институции каде исто така влијаеле политичари.

Целата операција за притисок врз фирмата ја води еден адвокат близок на политичар и моќен обвинител, тврдат извори кои го познаваат предметот.

Упатени обвинители и судии тврдат дека е невозможно обвинителот и судијката да не виделе дека не смеат да го туркаат предметот кој е експлицитно наведен во законот за Јавно обвинителство.

Да беа почетници можеби ќе се правдаа со непознавање на законите но се работи за искусни обвинители и судии кои предходно беа дел од важни случаи на СЈО и затоа е чудно зошто се нафатиле отворено да го кршат законот освен ако некој не им подметнал, очекуваат надомест или некој ги уценува, коментира упатен правосуден работник која очекува итна реакција од Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.

Обвинителот и судот и покрај јасноот кршење на постапката и законот за јавно обвинителство заедно успеале да ја блокираат фирмата во која работата стотици луѓе а која е под истрага иако нема цврсти докази за сторено кривично дело.

Следуваат повеќе детали за скандалот