АД Македонска Пошта“ денеска се извини и ја повлече марката со карта на Голема Хрватска но ниту еден од директорите не најави оставка за скандалот со марката со мапа на НДХ.
Оттаму признаваат дека на поштенската марка е претставена погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6.000 примероци.
Во соопштението не се открива која ќе ја надомести штетата од печатената марка.
Според соопштенито компанијата се извинува за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.
Оттаму признаваат дека на поштенската марка е претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6.000 примероци.
„Изразуваме жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки “Македонија во ЕУ” се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска ѝ ја дава на нашата Држава“, се наведува е во соопштението.






