Во очи денот над победата над фашизмот 9 мај ЈП „Македонска пошта“ издаде поштенска марка на која е поставена стилизирана мапа на Голема Хрватска или Независна Држава Хрватска (НДХ) на соработникот на Хитлер, Анте Павелиќ.
Според мапата, државната пошта на Република Македонија го честита денот на победата над фашизмот со поздрав до Хрватска кој содржи територии кои дури ни Усташкото движење не ги сметало за свои како Нови Пазар во Санџак, сега Република Србија.
Ако граѓаните судат според државната македонска пошта, Хрватска во моментов се протега на речиси цела БиХ, Црна Гора и голем дел од Србија.
За време на НДХ во Втората светска војна во логорот на смртта Јасеновац биле убиени меѓу 600 илјади и еден милион луѓе, најголем број Срби.
Генерален директор и претседател на Управен одбор на „Македонска пошта“ е Ејуп Рустеми кадар на ДУИ, а во Одборот се уште неколку претставници на неговата партија и на СДСМ.






