Македонска “Persona non grata”: Москва ја оствари заканата кон Скопје

Македонската амбасадата во Москва останува без еден од двајцата дипломати откако Кремљ за персона нон грата прогласи вработен во амбасадата.



Се работи за дипломатски одговор за предходно протерувањето на руски дипломат од амбасадата на Русија во Скопје, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“, пишува во соопштението на руското МНР кое го пренесуваат руските медиуми.

Во руското соопштение се вели дека протерување на македонски дипломат е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата.

Македонската јавност до денеска не е информирана зошто беше протеран рускиот дипломат од земјава на 14 мај, кога тој од МНР добил рок од седум дена да ја напушти земјава.

Официјално рускиот дипломат беше протеран поради активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин не не беа откриени детали за неговата активност.

И Македонската дипломатка има рок од 7 дена да ја напушти Русија.