Тања Милевска, дописничка на македонската државна новинска агенција МИА од Брисел, го праша на Твитер грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за користењето на името Македонија, без Северна, од неговиот унгарски колега Виктор Орбан во видео поеаката со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.
Откако праша „има ли некој Унгарец овде да ми каже дали тој (Орбан – н.з.) користи Македонија или Северна Македонија во видеото“, Милевска со нов твит: „Очигледно тој вели само Македонија. Дали Унгарија го признава нашето уставно име, кое е Северна Македонија?“.
На реакцијата под твитот дека „само Македонија вели, не Северна“, Милевска прашува „исто така ЕПП (Европска народна партија, чија членка е ВМРО-ДПМНЕ – н.з.)?“, „Мицотакис?“.






