Посака ли македонска министерка смрт и за бугарската војска од 1941 до 45

Два дена откако бугарската министерка за надворешни работи Захариева рече дека Македонија како земја партнер на Бугарија во НАТО не смее да споменува дека нејзината армија во втората светска војна била фашистичка дојде одговор од нејзина колешка од Скопје.



Министерката за култура Ирена Стефоска иако знае дека нејзините зборови се следат и во Софија која негира дека била фашистичка земја, употреби фраза која се однесува и на војниците на царската бугарска армија во Македонија која била окупатор и дел од фашистичката оска на Хитлер.

Фразата “Слобода или смрт” овде не се употребува специфично за бугарските фашисти но луѓето што во Скопје и Софија во име на Захариева ни ги бројат сите споменувања на Бугарија како држава на погрешната страна на историјата, дел од фашистичката коалиција и окупатор на Македонија сигурно оваа порака ќе ја доживеат лично и тоа Стефоска морала да го знае.

“Пред 76 години.
Демократска Федерална Македонија на вистинската страна на историјата.
Смрт на фашизмот, слобода на народот”, напиша Стефоска на 4 дена пред финалната одлука на ЕУ за Македонија кога се прават финалните напори Бугарија да попушти и Македонија да започне преговори за ЕУ.

Во пораката Стефоска дополнително ја осудува Бугарија затоа што како дел од тројната фашистичка оска таа била на погрешната страна на историјата.

Дали ваквото однесување на Стефоска значи дека веќе нема надеж за преговори со ЕУ и владата започнува со радикална реторика кон Бугарија ќе се види веќе во вторник во Брисел.