Македонска инфлуенсерка, ќерка на политичар, уапсена за ,,дилање” кокаин на Миконос (ВИДЕО)

Грчки неделник објавува дека инфлуeнсерка на возраст од 21 година од Македонија инаку ќерка на македонски политичар е дел од групата лица уапсени на грчкиот остров Миконос за продажба на дрога.



Инфлуенсерката учествувала во криминална организација која продавала кокаин и екстази, пишува „Прототема“.

Скопјанката чиј идентитет не се открива е опишана и млада русокоса со многу следбеници на Инстаграм.

Весникот пишува дека нејзината мајка е адвокат.

Таа оперирала со уште двајца македонски државјани и еден музичар.

Лидер на групата било македонски државјанин кој бил помагам од уште едно лице од Скопје а четвртиот уапсен во групата е Либанец.

Според грчкиот весник, секој член на групата имал свои задачи, а полицијата ги следела веќе подолго време. Инспекторите и полицајците на Миконос решиле да дејствуваат, пишува Прототема, кога групата одлучила да го напушти хотелот во кој била сместена. При апсењата и претресите се одземени 220 грама кокаин, 270 грама метаамфетамини, 437 таблети екстази и околу 160 грама канабис. Истрагата за идентификување на нивните контакти продолжува.

Фотографија Прототема.