Австралискиот локален весник „Стирлинг тајмс“ пишува за прославата на 60-годишнината од бракот на македонската двојка Мери и Насо Карстов од предградието на Перт, Балката, со традиционална македонска гозба.
Двајцата потекнуваат од Република Македонија, а стапиле во брак во Џералтон на 12 март 1958 година. Тие живееат во нивниот дом во Балката, откако се преселиле во Перт пред 42 години.
Ќерката Олга Карстов вели дека нејзините родители ја одбележале годишнината со семејна прослава со различни традиционални македонски јадења.
„Тоа беше навистина прекрасен ден со многу споделени спомени, смеа, солзи и многу хумор“, рече таа.
Балката се наоѓа на 10 километри од Перт и во неа живеат околу 10.000 жители, од кои најбројни се Италијанците, Грците и Македонците.




