Секоја година Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Швајцарија организира летна студиска програма за студенти од цел свет од областа на математика, физика и инженерство. По конкурсот објавен од ЦЕРН за 2019, меѓу кандидатите-студенти кои беа одбрани да се приклучат во работата на истакнати научници од ЦЕРН и од професори од познати универзитетски центри од Европа, Русија и САД, беше и Марија Шаревска, студентка на Машинскиот факултет во Скопје.
Има просек 10, сега е 4-0та година, никогаш не пореполагала испит а минатото лето работеше на истражувачки проект во лабораториите на светската организација.
Маја Шаревска е една од големите надежи на науката во Македонија. Завршила во средното училиште „Никола Карев“ во родното Скопје, а продолжила да студира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката термичко инженерство. Вели дека предметите ги учи со љубов и посветеност, а оценките се резултат на тоа.
„Сакам да продолжам да учам и да работам на истражувањата во областа на енергетиката, особено во областа на енергетската ефикасност, новите и обновливи извори на енергија, новите енергетски системи, постројки и машини со висока енергетска ефикасност, како и на суперсонични летала и CFD симулации на квантни компјутери“, вели Шаровска.
Повеќе на Факултети.мк.




