Фотографијата на денот доаѓа од Светски куп во џу-џицу за кадети во Букурешт, каде што највисоко на пиедесталот се искачи Македонка, а на двете пониски скалила две Гркинки и Русинка!
Меѓу натпреварувачките до 16 години, Катерина Ацевска од Македонија го освои златниот медал во категоријата до 63 килограми.
Сребрениот ѝ припадна на Софија Кавалаки од Грција, а бронзениот на нејзината сонародничка Аика Терина Сифаки и на Русинката Елена Авдеева.




