Хрватскиот Јутјуб канал Гуњача направи анкета во Сплит со прашањето „што е разведен брег“, а на одговорот од сплиќанец на потпрашањето „има ли Македонија разведен брег“ огорчено реагира Македонка која над 30 години живее во градот на Јадранско Море.



„Не ме интересира Македонија. Тие се православци, а јас сум римокатолик“, рече сплиќанецот пред камерата и промрморе уште нешто што не се разбира.

На тоа Македонката реагира до редакцијата на „Далмација данас“:

„Морам да одговорам на ова видео, бидејќи овој господин се изразува со гнасење или со нетрпение, веројатно од незнаење. Кога го прашуваат за Македонија, тој вели: ‘Македонците не ме интересираат, тие се православци’. И уште нешто си рече сам на себе во муцка, не успеав да разберам, два пати го слушав. Но, во секој случај го кажа тоа како да сме помалку вредни, како да не е вредно ниту да се зборува за тоа. Така јас го доживеав тоа, како омаловажување“, вели таа.

„Тој вели – тие се православци. Во што е разликата, освен во датумите на славење на празниците, едните по јулијанскиот, а другите по грегоријанскиот календар. на тој начин се создава нетрпение. Ништо тука не е урнебесно, тоа е бедно, жално. Кога велат православци, тоа е навредливо, се вели – православни. Подолго живеам во Сплит отколку во Македонија, но не можам да допуштам да ме навредуваат и да ги шиканираат мојот народ, мојата Македонија и мојата вера. Секоја чест на државата во која живеам, таа е мојата втора татковина, но не сакам некој да ги навредува мојата татковина и мојата вера“, категорична е Македонката чии податоци ѝ се познати на редакцијата.

Фамозната изјава на сплиќанецот по 45 секунди од почетокот на видеото: