Македонка од дијаспората бара Скопје да не ја витка кичмата пред Бугарија

Македонска активистка од Австралија објавува свој твит од пред две години кој покажува дека ништо не е променето во Македонија.



Вера Секуловска тогаш пишувала за националниот пораз од Грција а сега во прашање е слично сценарио со Бугарија.

“Мојот твит од пред 2 години за # Македонија! Тогаш се поклонуваше на Грција, сега е на Бугарија. Ништо не е променето и никогаш нема да се промени, освен ако македонските политичари не започнат да покажуваат ‘рбет!”, пишува Секуловска која е член на глобалниот извршен тим на Обединетата Македонска Дијаспора (UMD) од седмиот континент.

“Ситуацијата во која се наоѓа Македонија денес е очигледно случај во кој дава фундаментални ветувања и преземања на иницијатива од корист за друга држава. Ваквите постапки се спротивни на сопствената државност.