Споменикот “Македониум” во Крушево е рангиран на четврто место на листата на најчудни градби на светот според австралискиот специјализиран сајт за архитектура и дизајн.
Дизајниран е од Јордан и Искра Грабулоски а изграден е во 1974 година.
Посветен е на борците и револуционерите од Илинден и НОБ.
Во споменикот е гробот на Никола Карев и биста на Тоше Проевски, пишува магазинот.
На прво место е споменикот на Жирафата во Париз, на второ Рамката во Дубаи а на трето Атомиумот во Брисел.






