Со досега невиден интензитет расте широкиот научен отпор против владината позиција за македонскиот јазик изложен во унилатералната изјава на МНР.
Отпорот доживува досега невидена солидарност меѓу македонистите, односно сите кои со својата работа или научна дејност се дел од процесите на зачувување и засилување на идентитетот на Македонците во лингвистиката, историјата, фолклорот и други области.
,,Додека Советот за македонски јазик (во скусен состав) дава поддршка за Унилатералната изјава на Владата, дотогаш кон нашиот проглас – поддржан од 2500 луѓе, меѓу кои академици од МАНУ, универзитетски професори од националните институти и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, лектори, наставници и професори по македонски јазик, – се приклучуваат и колегите од Катедрата за македонски јазик и литература од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура со поддршка на директорката Весна Мојсова-Чепишевска, на членовите на Советот на МСМЈЛК, на лекторите по македонски јазик на странските универзитети и на голем број странски македонисти”, објави професорката Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик.
Нејзиниот помлад колега Иван Антоновски во исто време информира дека Прогласот на Младите македонисти против владината унилатерална декларација со која македонскиот се сведува само на територија на Макеоднија бил поддржан од над 3100 луѓе!
Наспроти овие најмалку 5600 македонски, научници, професори, истражувачи, лингвисти, вљубеници во делата на македонските литерати, се наоѓаат само 6 членови на Советот за македонски јазик кој го води Људмил Спасов.
Тие сметаат дека владата не греши кога индиректно меѓу редови вели дека македонскиот јазик треба да се откаже од своите дијалекти во Пиринска и Егејска Македонија и дека тој постои од 1945 година.
Од вкупно 9 члена на советот на Људмил Спасов, чиј син е советник на висок државен функционер, тројца веќе се придружија на ,,македонистичкиот бунт” против владата.
Повеќе на темата
https://lm.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2Fjacheva-ulchar-kakov-legitimitet-ima-sovetot-za-makedonski-jazik-ako-trojca-chlenovi-se-protiv-ednostranata-deklaracija-na-vladata%2F&h=AT0Tn3T4tzPfPw5XTkAKXC2FHWCQdarbUHCPBapvPB8dhNtCoc7FrgUXIVTzDV2hogfAUxZ6R2AY0qFufS024nUswFMubnH7MeNAWgSDYjOIzWQt0n7Xx5dF6TeH9bveCIqYdU0zaZMjo_sU7768uQ





