Околу 2000 битолчани вчеравечер на платото пред реновираниот Офицерски дом во Битола, имаа можност да уживаат во звуците на квинтетот МАКЕДОНИСИМО на нашиот светски познат пијанист маестро Симот Трпчески, заедно со феноменалните инструменталисти Хидан Мамудов на кларинет и саксофон, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки.
![]()
По предпремиерата во селото Збажди, премиерата во Скопје и предпоследниот концерт во неделата во Штип, ова беше четвртиот и последен концерт од оваа мини турнеја низ Македонија за представувањето на проектот МАКЕДОНИСИМО пред македонскиот народ.

Реализацијата на сите четири концерти беше во организација на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, а во соработка со „Пипл Медиа“.





