Според податоците што по барање на „360 степени“ ги изработи МВР, пред 10 години, во 2013 година, на територијата на цела земја имало 53 пријави за каснување од куче. Следната, 2014 година, пораснале на 72 пријави, па на 133, па на 212, 257, 637, 990, 1 082, 1 323 за лани да стигнат до 1 785 пријави.
За 10 години, за 33 пати се зголемил бројот на пријави за каснувања од куче, објавува 360 степени во својата анализа.






