Во првото полугодие од годинава за набавка на јаглен и на струја Македонија потрошила 1 милијарда и 90 милиони евра, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Анализа“ на ТВ24.



Според податоци од Еуростат, вели Лефков, македонскиот бизнис плаќа дури двојно поскапа струја од Косовоодносно 144,5 евра, а Косово 73 евра.

„За да набавиме струја која ја нема, трошиме пари кои ги немаме и реални се само провизиите кои ги договара власта.

Македонија ја доведоа на дното, а Србија, Албанија Црна Гора сите произведуваат онолку електрична енергија колку што трошат, ние само за 6 месеци трошиме 1 милијарда и 90 милиони.

Македонскиот бизнис плаќа двојно поскапо од регионот и како да има конкуренција на македонскиот бизнис? Ова е практично предавство на сите граѓани, бизнисот и сите општествени сфери„ вели Лефков.

Спооред него министерот за економија Крешник Бектеши, на само една една страница дал објаснување за барањето а владата за воведување кризна состојба.

Нема информација за јаглен, нема информација на кое ниво се хидро акумулациите, нема информација зошто се продаваат ноќни вишоци,рече Лефков.