Македонија и догодина нема да учествува на Евровизија

Македонската фан страница за Евросонг на социјалната мрежа Твитер објавби, а Македонската Радио Телевизија потврди дека идната година Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.



„Одлуката е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години

Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година. МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале“, се вели во информацијата од МТВ.

Од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Последниот настап на Евровизија на Македонија беше во 2022 година.