Македонија втор пазар за извозот на Косово, а шеста во косовскиот увоз

По Соединетите Американски Држави, Косово најмногу извезува во Македонија, покажуваат податоците на косовската Царина за 2022 година, кога косовските компании кај јужниот сосед извезле стоки во вкупна вредност од 117,8 милиони евра, а во САД 131,1 милиони.



Македонскиот пазар има удел од 13,56 проценти во извозот на Косово.

На страната на косовскиот увоз, пак, Македонија е шести партнер со 281,2 милиони евра или 5,02 отсто.

Косово убедливо најмногу увезува од Турција, од каде што лани влегле стоки вредни вкупно 839,2 милиони евра. Пред Македонија се уште Германија со 605,2 милиони евра, Кина со 545,6 милиони, Србија со 371,6 милиони и Грција со 307,9 милиони.