Македонската фудбалска репрезентација има предност од 3-1 во решавачкиот меч со Исланд.
Тоа е резултат што го води нашиот национален тим во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Првиот гол го даде Езѓан Алиоски во седмата минута. Второто полувреме започна со добар обид на Елиф Елмас, а на спротивната страна Исланѓаните успеаја да израмнат со голот на Торстеинсон во 55. минута.
Елиф Елмас во 65. минута собра еден отпадок во шеснаесетникот на Исланд, се снајде подобро од противничките дефанзивци и ја врати Македонија во водство.
Елмас со својот втор погодок во 85. минута зголемува на 3:1. Баражот е речиси извесно обезбеден!





