Со голот на капитенот Горан Пандев во последните моменти од првото полувреме, фудбалската репрезентација на Македонија замина на одморот со предност од 1:0 против Германија во Дуизбург во квалификацискиот дуел за Светското првенство 2022 во Катар.
И неколку минути пред тоа Марк-Андре тер Штеген за малку ќе ја вадеше топката од својата мрежа по слободниот удар од Езгјан Алиоски, но голманот на Барселона, кој доби предност пред капитенот Мануел Нојер, со рефлексна реакција ја одби топката во корнер.
Германците својата најзрела шанса за гол ја имаа преку Горецка, кој ја погоди пречката.





