„Успешните” политики на СДСМ и Љупчо Николовски ја доведоа Македонија до ситуација да се моли кај соседите за храна. Власта Македонија од извозно ориентирана ја направи во увозно зависна држава за храна“ се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



И по изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, на власта и беше потребно скоро цел месец да започне со исплата на истите. А, со тоа самo неспособната Влада докажа дека нема пари во буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци.

Веќе ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.