Нина Дјулгерова, професорка на Катедрата за економија и меѓународна политика на Слободниот универзитет во Варна именуван по Черноризец Храбар, за италијанската редакција на „Спутник“ ги анализира пристапувањето на Македонија во НАТО и нејзината ЕУ-перспектива.
„Секогаш има амбициозни планови, но до кој степен е можно нивно спроведување? НАТО, како и Европската унија, не е веќе таков вид меѓународна организација, чие создавање и неопходност за постоење беа поврзани со биполарен конфликт. Ова е факт. Источното проширување на ЕУ заврши со пристапувањето на Хрватска. Политичката акција и реториката кон Западен Балкан, каде се наоѓа Северна Македонија, може да доведе до почеток на процесот на интеграција во ЕУ, но Северна Македонија и Албанија најверојатно ќе ја повторат судбината на Турција, која ја започна оваа постапка во 1963 година. Не смееме да заборавиме дека вистинската експанзија не може да се постигне само преку долги политички декларации од европски институции со различни формати. Тековната состојба не дава надеж за проширување кон Западен Балкан“, смета Дјулгерова.
„Што се однесува до пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, проблемот не е во желбата, туку во недостигот од вистински финансиски можности за извршување на ваква амбициозна задача. Пристапувањето во Алијансата не значи повеќе финансирање на нова членка на НАТО, туку дека Скопје ќе треба да почне со плаќање за влез во Атлантската алијанса. Покрај тоа, кога станува збор за воени бази, ние во основа зборуваме за американски бази, а не за НАТО. Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за ‘мозочна смрт на НАТО’, која предизвика контроверзии, останува актуелна. Во последните години НАТО не беше присутен во појава на конфликти, како што се Сирија, Ирак, Либија. Последното нешто што го предложи генералниот секретар на Атлантската алијанса беше да испрати претставници на НАТО во Ирак за обука на ирачката армија. Каде е практично НАТО присутен како вистинска глобална воена моќ која се справува со воинствените земји во различни делови на светот? Долго време Алијансата е присутна во вселената како политички субјект што тврди дека е воен фактор на Балканот, но не реагира како таква. Затоа, членството на Скопје во Алијансата значи сојуз со Соединетите држави, а не со НАТО“, оценува бугарската аналитичарка пред да извлече заклучок за Македонија.
„Скептична сум во однос на распоредувањето ракети на територијата на Северна Македонија, како и во Романија. Претпочитам да ја перцепирам евентуалната американска воена база како одбрана против исламската закана, а не против Русија и нејзиното воено присуство во Србија“, заклучува Дјулгерова.




