Македонија во НАТО, тема на средба во Вашингтон

Влезот на Македонија во НАТО бил дел од темите на средбата меѓу меѓу американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и министерката за одбрана на Словенија Андреја Катич.



На средбата одржана вчера во Вашингтон двајцата министри зборувал за билатералната соработка, за солидарноста во рамки на НАТО, и за ситуацијата во Европа и Западниот Балкан.

Катич пред Матис ги потенцирала повиците на Словенија за решавање на прашањето за македонското име и влез на земјата во НАТО.

Покрај вклучувањето на Македонија во НАТО станало збор и за акциониот план за влез на Босна и Херцеговина во алијансата.