Иако Македонија се соочува со сериозни последици по својата економија како резултат на кризата со коронавирусот Министерството за економија деновиве донесло официјална одлука да дозволи извоз на дијаманти.Одлуката ја потпишал министерот за економија Крешник Бектеши а се базира на законот со кој се регулира оваа материја донесен лани.Според одлуката која е објавена во Службен весник земјата која што мака мачи да набави респиратори и маски за пациентите и своите здравствени работници дозволила извоз на скапоцени камења.
Според ниту една светска листа или извештај во Македонија не се наоѓаат или обработуваат дијаманти што отвара дилеми за потребата од закон или одлука за извоз на овој скапоцен минерал од земјава.






