Според ранг листата на индексот за перцепцијата на корупцијата на меѓународната организација Транспаренси, Македонија се наоѓа на 87 место од 180 држави.



Македонија на таа ранг листа е во друштво со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам.

Овој индекс се базира на перцепцијата на граѓаните за корупцијата во нивната земја и користи експертски проценки и анкети на мислења за да ги рангира земјите врз основа на нивното воочено ниво на корупција.

Индексот за перцепција на корупцијата ја дефинира корупцијата како „злоупотреба на јавната моќ за приватна корист“.

Колку е помал резултатот, толку е покорумпирана таа земја.

Македонија е на 87-то место со 39 бода заедно со Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Танзанија, Суринам и Виетнам.

Пред нас од регионот се Бугарија (78), Црна Гора (64), Хрватска (63), Грција (58), Словенија (41)… На 110 место е Албанија, Босна и Херцеговина, Украина (122)…

Топ 11 најкорумпирани земји во светот се Јужен Судан (11), Сомалија – (13), Сирија (13), Венецуела (14), Авганистан (16), Северна Кореја (16), Јемен (16), Екваторијална Гвинеја (17), Либија…

На врвот на поваа табела, најмалку корумпирани земји се Данска (88), Финска (88), Нов Зеланд (88), Норвешка (85), Сингапур (85), Шведска (85), Швајцарија (84), Холандија (82), Луксебмург (81), Германија (80), Велика Британија (78), Хонг Конг (76)…