Иако владата вели дека ја следи состојбата со цената на електричната енергија и најави увоз на јаглен за да им помогне на компаниите со снабдувањето со електрична енергија, факт е дека ништо не е преземено навреме, велат експерти што ги консултираше Плусинфо.
Тие додаваат дека енергетиката е сложен сектор и во него плановите се прават долгорочно, а не од ден за ден. Потребна е стратегија, редовно следење на состојбите и навремена реакција неколку месеци пред да дојде до криза. Треба да се води сметка да не се троши водата од хидроелектраните во летниот период, а резервите од јаглен и мазут за термоелектраните да се обезбедат најмалку половина година порано од сезоната на зголемено трошење на енергијата.
– Нема стратегија, не се размислувало и не се следеле состојбите. Зашто, ако било обратно, сега немаше да се паничиме околу енергијата и за тоа дали ќе ја има – вели професорот Константин Димитров.
Според него, со оглед на околностите што владеат на светските берзи, цената на електричната енергија и паниката која се создаде околу тоа, земјава веќе требаше да ги има обезбедено јагленот и мазутот, а термоелектраните да бидат во целосна кондиција за производство.
– Сега сме ставени пред свршен чин и треба да го молиме Господ да не дозволи нешто да не пукне во единствениот блок од ТЕЦ Битола што работи. Зашто, процесот на сервисирање е долг, а резервни делови во состојба на криза не можат брзо да се купат. Дополнително и ископот на јаглен поради дождот е отежнат или воопшто не се врши и сме соочени со резерви на јаглен за само 1 ден. Практика е резерви да се обезбедат за една недела или уште подобро за еден месец. Во вакви услови и за повеќе месеци или да се обезбеди сигурен откуп на јаглен. Сѐ на сѐ, состојбата е критична. Знаеме дека Живојно не е активирано, иако беше најавено обратното, не се купени машините кои се потребни за ископ и во другите рудници. Сето говори дека нема никаква стратегија околу енергијата и многу е тешко да се верува дека ќе излеземе некако од кризата – вели Димитров.
Според него, земјава веќе требаше да ја испроба технички ТЕЦ Неготино, за да може секој момент да се вклучи во системот, бидејќи регионалниот систем на снабдување со струја во одредени моменти може да откаже.
– Требаше барем една недела да ја активираат ТЕЦ Неготино, но наместо тоа, мазутот кој се набавува за оваа термоелектрана се троши во ТЕЦ Битола. Досега имаше шанса ТЕЦ Неготино да се приклучи на гас и драстично да поевтини нејзиното производство. Но и со сегашната цена на мазутот, добро е да се вклучи во производство, не само технички да се испроба, туку и да работи. Треба да се размислува дека во даден момент поисплатливо ќе биде таа да
Целиот текст тука.





