Утрешниот 13 февруари е прогласен за Ден на национална жалост за жртвите од катастрофалниот земјотрес што пред неполна седмица ги погоди Турција и Сирија.



Ваквата одлуката ја дон есе на денешната седница како израз на солидарност и почит кон загинатите во земјотресот, чиј број, според последниот биланс, се искачи на над 33 000.

„За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република с.Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Владата изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“ се вели во владиното соопштение.

Во објава на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски порача дека како држава и народ ќе продолжиме да бидеме солидарни и да им помагаме на оние кои загубиле сѐ.