МЕПСО добил четири предупредувања од меѓународната контрола во Швајцарија досега дека „влече струја“ во услови на минимално домашно производство, открива порталот „Фактор“ според кој цехот падне на товар на граѓаните.
И директорот Куштрим Рамадани потврди дека има укажување од контролорот, а досега се веќе четири пати.
Европа предупредува поради тоа што МЕПСО влече поголема количина струја од мрежата, а во услови кога домашното производство е минимално.
Земјава е во лоша енергетска ситуација и ги трпи последиците од проблемите на меѓународниот пазар.
Во обид да го надомести производство Владата одлучи да набави јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Неготино, но тендерот за најголемиот производител во државата, РЕК Битола пропадна.







