Македонија трета во Западен Балкан според БДП по жител

Македонија е на третото место меѓу шесте кандидатки за Европска унија од Западен Балкан според бруто општествениот производ (БДП) по жител, покажуваат последните податоци на Евростат.



Македонскиот БДП е 4.800 евра по жител. Пред неа се Црна Гора со 6.900 евра и Србија со 5.600, а зад Македонија се Босна и Херцеговина со 4.400 евра, Албанија со 4.000 и Косово со 3.600.

Тоа е далеку од европскиот просек од 30.000 евра по жител, до кој од земјите-кандидатки за влез во ЕУ најблиску е Турција со 9.400 евра.