Европскиот суд за човекови права одлучи дека Македонија во 2008 година изложила на нехуман и понижувачки третман, сексуалните работнички од Македонија, дека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет.
Тие ја добија правдата во Стразбур, по 15 години, информираше невладината организција ХОПС.
Случајот се однесува на полициската акција на МВР од 2008 година кога беа приведени 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои беа затекнати покрај кејот на реката Вардар и беа задржани цела ноќ во полициската станица во Бит Пазар.
„Исто така, Судот утврди повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи без да биде прикриен нивниот идентитет и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови“, вели ХОПС, а пренесе Плусинфо.







