Во последниот сет податоци од ланскиот попис, Државниот завод за статистика објави дека од вкупно 839.174 стана во земјава, 531.987 или 63,4 отсто, се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се празни.
Една од причините е намалувањето на бројот на населението во Македонија во однос на претходниот попис од 2022 година за 185.834 лица, а притоа бројот на становите е зголемен за 141.031.
Во Скопскиот Регион, со 607.007 или 33,04 проценти од вкупното резидентно население на Македонија, единствен од сите осум региони каде што е зголемен бројот на жители за 28.863 или за 4,99 отсто во однос на 2002 година, бројот на становите пораснал за дури 54.858 или 22,55 отсто.
Меѓу споменатите над 300 илјади празни станови во државата најголем удел имаат становите во стари згради и наследените семејни куќи, кои поради нерешените имотноправни односи меѓу повеќе сопственици не можат да бидат ставени на пазарот, пишува „Нова Македонија“.





