Денешната видео средба што шефот на дипломатијата Бујар Османи ја имал со групата пријатели на Македонија во Европарламентот откри дека неговиот предходник Никола Димитров му оставил во наследство само 6 активни членови на групата која треба да ја поддржува Македонија.
Османи денеска објави фотографија од видео состанокот на која се гледаат само 6 пријатели на Македонија, сите до еден според изразите на лицата длабоко загрижени.
Министерот не откри дека некои членови на групата не се присутни на состанокот.
“Паметно е да побарате поддршка од вашите пријатели. На денешниот ВТЦ ги повикав нашите пријатели @Europarl_EN, членови на „Пријатели на Македонија“ да ни помогнат на нашиот пат ?? интеграција. Ние во @VladaMK остануваме конструктивни и посветени”, напиша Османи.
При формирањето на групата пријатели на Македонија во 2016 година телото помагатели на земјава броеше 26 членови.
Тоа значи дека Димитров за 4 години со Северна загубил дури 20 члена на групата во новиот состав на ЕП.





