Македонија во арбитражните постапки кои што во моментов предку судски спор ги водат меѓународните институции има побарувања од вкупно 1,36 милијарди евра.



Станува збор , при што станува збор само за основицата, без затезни камати, кои по правило се предмет на споровите пред арбитражните судови и со кои овој износ се искачува на фантастични над 1,5 милијарди евра, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, Владата прави сѐда го заштити интересот на државата, објави Плусинфо.

На списокот на „баратели“ влегуваат споровите на „Кунико ресорсис“ од Холандија за „Фени индустрис“, две постапки од индиски „Бинани“ во врска со рудникот „Злетово“, на „Хеленик Петролеум“ за „Окта“, постапката на Блажо Тасев против државата за рудникот „Саса“, потоа на повеќе украински инвеститори во врска со рудникот „Казандол“, како и на турски „Гама Гуч“ за „Те-То“ како и спорот на италијанската компанија „Инсо системи“ во врска со изградбата на Клиничкиот центар во рамки на комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје.