Македонија ги намалила своето меѓународно рангирање во буџетска транспарентност објавува денеска Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје.
International Budget Partnership’s (Меѓународното партнерство за буџети-МПБ) илустрира дека повеќето од 120 земји кои се предмет на истражувањето успеале да го задржат нивото на буџетска транспарентност и надзор како во претходниот 2019 циклус на мерење.
МАКЕДОНИЈА бележи пад во буџетската транспарентност, а во врска со објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното МПБ истражување.
Во овој циклус за 2021 година буџетската транспарентност на Македонија е намалена споредено со 2019 година од 41 во 2019 година на 36 во 2021 година.

Ова најмногу се должи на ненавременото објавување на Фискалната стратегија (предбуџетска изјава) и на неподготвување на Полугодишен извештај согласно меѓународните стандарди.
Македонија ја подобри фискалната транспарентност во 2017 година после катастрофалната ерозија на транспарентност измерена во 2012 година. Северна Македонија во 2019 година го објави и Граѓанскиот буџет и фискалната стратегија навремено за првпат после 2010 година кога започнавме да ја мериме фискалната транспарентност со МПБ методологијата. Во 2019 година за првпат во циклусот на МПБ методологијата на мерење на фискална транспарентност за Македонија е направена ревизија и од страна не само на независен експерт туку и од страна на претставник на Министерството за финансии.
Овој тренд на направена ревизија и од страна на претставник на Министерството за финансии се задржа и во циклусот на мерење за 2021 година.


Open-budget-survey-macedonia-2021-en
Како се движела фискалната транспарентност за Македонија во периодот од 2010 до 2021 година е прикажани на следниот график.
Мерење за отворен буџет
Буџетска транспарентност е оценета во прашалникот на МПБ преку достапноста и содржината на осумте клучни буџетски документи кои се очекува сите влади да ги објавуваат по меѓународни стандарди. Особено, прашалникот оценува дали тие документи се достапни онлајн, навремено и дали информациите се целосни.
Глобалната просечна транспарентност е измерена на 45 од можни 100 што е помалку од потребното 61 која мерка се смета за праг за информирана јавна дебата.
Македонија е измерена на 36 од можни 100 и со тоа се мери јавната достапност до информации за тоа како централната власт ги генерира и ги троши јавните ресурси. Оваа мерка исто така ја оценува и онлајн достапноста, навременоста и целосноста на информациите во осумте клучни буџетски документи со користење на 109 еднакво пондерирани индикатори и со мерење на секоја земја на скала од 0-100.
Учеството на јавноста е оценето врз основа на формализирање на можноста на граѓанските организации и вооопшто граѓаните да се вклучат во буџетскиот процес и да дадат свој придонес низ буџетскиот процес.
Глобалната просечна можност за учество на јавноста во буџетскиот процес е многу ниска и е измерена на 14 од можни 100
Македонија за жал има резултат-6 што е подобрување споредено со 2019 година кога резултатот беше 0. Подобрувањето е поради воспоставување на механизам од страна на ДЗР каде јавноста може да предлага ревизии за годишната програма на ДЗР.
Транспарентноста сама за себе не е доволна за добро владеење. Вклучување на јавноста е важно за позитивни резултати кои доаѓаат со повисока буџетска трансапрентност. МПБ преку својот прашалник ги оценува формалните можности за јавноста да може да се вклучи во сите фази од буџетскиот процес. Исто така, ја оценува (од 0 до 100) и праксата на централната власт, собранието и врховната ревизорска институција за можноста за учество на јавноста и тоа преку 18 еднакво пондерирани индикатори кои се на линија со принципите за учество на јавноста во фискалните политики на Глобалната иницијатива за фискална транспарентност (Global Initiative for Fiscal Transparency).
Надзорот се мери врз основа на улогата што ја имаат Собранието и врховната ревизорска институција во буџетскиот процес.
Резултат од 61-100 е соодветен надзор.
Македонија има резултат 47 од 100 за надзорот кај законодавецот.
Македонија има резултат 67 од 100 за надзорот при ревизијата.
Владата и граѓанскиот сентор во Македонија треба да продолжат со соработка и напори за подобрување на фискалната транспарентност и да го отворат просторот за учество на јавноста бидејќи:
Фискалната транспарентност помага во постигнување на финансиска и економска стабилност, овозможува да се води информирана дебата за дизајнот и за резултатите од фискалните политики, овозможува отчетност од јавниот сектор.
Со ова, фискалната транспарентност помага да се зајакне и кредибилитетот на фискалните планови, ги зајакнува финансиските пазари и довербата на граѓаните.
Со соодветна оценка на ризиците и на фискалната позиција се подржува и навремена политика на фискална реакција при променети економски услови со што се редуцираат појавите и ефектите од кризите.
МПБ за првпат го спроведе истражувањето во 2006 година со цел да се овозможи на граѓаните, а особено на оние најдепривираните да имаат можност да разберат и да влијаат како јавните пари-нивни пари- се генерираат и се трошат. Генерално, на секои две години податоци се собираат од независни буџетски експерти од граѓанскиот сектор кој не е врзан за властите. Нивните наоди се оценети од независен експерт како и претставници од властите на кои исто така им е дадена можност да ги оценат и да ги коментираат наодите на независните експерти.
____________________________________________________________________________
Мисијата на ЦЕА е континуирано да го истражува економскиот развој и јавните политики во Република Македонија и да нуди препораки, сугестии и мерки за владините и невладините институции и организации. Членовите на ЦЕА делат заедничка виззија за Република Северна Македонија како брзорастечка економија која е интегрирана со регионалните и со светските пазари. Тие го посветуваат своето време, напори и знаење за да помогнат оваа визија да стане реалност.
За повеќе информации видете






