Триумфот на Македонија над Италија во Палермо доби и статистичка евалуација преку изборот на идеалниот состав на полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар според „Софаскор“, во кој влегоа тројца членови на македонската фудбалска репрезентација.
Сите осум селекции што играа синоќа имаат свој претставник, а најмногу „црвено-жолтите“, и тоа голманот Столе Димитриевски, кој доби оценка 8.0, потоа капитенот Стефан Ристовски 7,7 и стоперот Висар Муслиу 8,1.
Останатите осуммина се Велшаните Родон со оценка 7,7 и Бејл со 8,7, потоа Чехот Соучек со 7,7, Швеѓанецот Форшберг со 7,6, Австриецот Забицер со 8,0, Турчинот Ундер со 7,9, Португалецот Отавио со 8,0 и Италијанецот Верати, кој за „Софаскор“ е МВП со 8,8.






