Новото истражување за медиумската писменост во Европа покажа дека балканските земји биле најмалку „отпорни“ на ширењето лажни вести, а Македонија и Турција имале најниска медиумска писменост меѓу 35 земји во Европа.



Истражувањето на Институтот отворено општество од Софија, на Џорџ Сорос, вклучувало проценка на квалитетот на образованието, слободата на печатот и довербата на јавноста во 35 земји каде било спроведено.

Според медиумската писменост Хрватска е рангирана на 24 место, Србија на 29, Црна Гора на 31, Босна и Херцеговина 32 и Албанија на 33 место од 35 земји.

Македонија и Турција се најлошо рангирани кога станува збор за медиумска писменост.

Најдобростоечка во тој поглед била Финска, (и други скандинавски земји)која има „силен систем на јавно образование“ и „широко распространети вештини за критичко размислување“ кои биле од суштинско значење за “отпор” на лажните вести, пишува Јуроњуз.

Истражувањето покажа и дека балканските земји биле „најранливи“ кога станува збор за ширење лажни вести, кои се означени како “гласини, измами, чисти лаги и дезинформации од странски влади или непријатели„“, пренесува Еуроњус..