Македонија со катастрофално ниво на странски инвестиции (1/2019-6/2020)

Македонија е на дното во споредено со Србија, Албанија и Бугарија според количина на инвестиции од странство за периодот јануари 2019 – јуни 2020, открива независниот економски истражувач и аналитичар Гоце Димовски.



Според листите пред Макеоднија има дури 3,5 пати помалку инвестиции од Албанија во апсолутни износи и најмалку двојно помалку ако се смета по глава на жител.

“Прилив на Странски Директни Инвестиции (СДИ) за 2019 и прва половина од 2020 година, споредено со соседните земји во регионот.
⬇️ Во двете години Македонија е на дното споредено со другите соседни земји во регионот”, открива Димовски чии резултати се спротивставени на изјавите на власта според која што Македонија добро се држи на ова поле.