Во првите 4 месеци од 2020-та македонската економија забележала незначителен раст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на ЕК за растот на домашниот бруто производ (БДП) во земјите од регионот на Западен Балкан вклучително и Турција.
Највисок раст на БДП од 5 отсто има Србија, по која ја следи Турција со 4,5 отсто. Потоа следат Црна Гора со 2,7 отсто, Босна и Херцеговина од 2,0 отсто и Косово 1,3%. Албанија, пак, има негатива од минус 2,5 отсто.




