Според светскиот алманах (World Population Review) Македонија е на шестото место на ранг листата на 10 најсиромашни земји во Европа.
На врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.
После Македонија се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора.
Земјите од Источна Европа, особено оние кои беа значително погодени по падот на Советскиот Сојуз се меѓу најсиромашните и денес“, пишува во алманахот во кој се објаснува дека Бруто домашниот производ (БДП) е една од најважните методи што се користи за мерење на економското богатство на една земја.








