Финалето на музичкиот натпревар „Песна на Евровизија“ остана недостижно и за дуото „Ај Кју“, чија песна „Изгубено и најдено“ во првата полуфинална вечер во Лисабон не се најде меѓу десетте нумери што ќе бидат изведени и на 12 мај.
Ова е шеста година во низа во која Македонија не успева да се пробие до финалето по Калиопи во 2012 година, на која со „Црно и бело“ последен пат ѝ успеа тоа од македонските изведувачи.
Во досегашните 18 учества претставниците на Македонска радиотелевизија (МРТ) само осум пати настапиле на финалната вечер, пет од нив откога е воведено полуфиналето во 2004 година.





