Само Црна Гора на Балканот има помалку толерантно општество од Македонија.
Од земјите во регионот, Хрватска е на 13 место, следат Албанија (18), Словенија (30), Србија (40), Босна и Херцеговина (45), Бугарија (72).
Македонија е на ниското 80-то место веднаш пред Црна Гора која е на 81-то место.
Најмалку толерантни земји во светот се Јемен, Ирак, Судан, Мароко и Руанда.
Според Индексот „Othering & Belonging Institute“ за 132 земји што го изготвува секоја година Универзитетот во Калифорнија, Холандија е најтолерантна земја во светот.
Следуваат Шведска, Норвешка, Португалија, Ирска, Велика Британија, Канада, Финска, Луксембург и Данска.
Германија, Австрија, Белгија и Австралија се исто така на врвот.
Извор: БГНЕС





