Македонија пред САД по бројот на смртни случаи од Ковид-19 на милион жители!

Македонија ги престигна Соединетите Американски Држави по бројот на смртни случаи од Ковид-19, според кој е деветта во светот!



Заклучно со вчерашниот биланс, во Македонија од почетокот на епидемијата има 831 жртва од коронавирусот на еден милион жители, осум повеќе од САД, кои се први во светот според вкупниот број од 273.154 фатални исходи.

Белгија е неславен лидер со 1.425 починати на милион жители, пред Сан Марино со 1.354 и Перу со 1.083, а пред Македонија се и Андора со 983, Шпанија со 955, Италија со 920, Велика Британија со 859 и Аргентина со 848.

Од земјите во регионот најблиску до Македонија е Босна и Херцеговина на 11. место со 819. Црна Гора е 16. со 775, Словенија 23. со 690, Бугарија 29. со 551, Хрватска 36. со 436, Албанија 55. со 282, Грција 65. со 231, Србија 76. со 184 итн.