Македонија ја престигна Босна и Херцеговина и е на средина меѓу седум земји од регионот по вложувањето во оружје и во војска, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен истражувачки институт.
Во 2022 година Македонија во армијата и во нејзиното опремување вложила 230,9 милиони долари, речиси двојно повеќе од 2018 година, кога издвоената сума била 127,2 милиони.
За споредба, БиХ пред пет години за таа цел потрошила 175,1 милиони долари, а предминатата година 187,7 милиони.
Помалку од Македонија за војска и оружје во 2022 година потрошиле и Косово (108 милиони долари), кое, сепак, ја престигна НАТО-членката Црна Гора (97,7 милиони).
На врвот во Западен Балкан плус Хрватска се искачи Србија со 1.443,5 милијарди долари, симнувајќи ја Хрватска со 1.341,2 милијарди, а далеку зад нив на третото место е Албанија со 296,6 милиони.







