Македонија пред арбитражното тело на Светска банка за „Фени“

Рударската компанија „Кунико рисорсис“ со седиште во Амстердам ја даде Македонија на арбитража пред Меѓународен центар за решавање на инвестициски спорови (ИЦСИД), основан и дел од Светска банка, врз основа на билатералниот Договор за охрабрување и за реципрочна заштита на инвестициите меѓу Македонија и Холандија од 1998 година.



Спорот се однесува на претпријатието во целосна сопственост на „Кунико“, производителот на фероникел „Фени“ од Кавадарци, кој фирмата од Амстердам се согласи да го продаде на купувач во 2017 година.

Компанијата од Холандија, меѓутоа, тврди дека македонската Влада почнала кампања против „Кунико“ и „Фени“ во времето на продажбата, што кулминираше со стечајна постапка против ФЕНИ и со истрагите што фирмата пред арбитражното тело од Вашингтон ги опишува како „неоправдани“.