Со голот на десното крило Никола Костески во последните секунди, машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Грција и во вториот контролен натпревар во Скопје, овојпат со 29:28, откако синоќа го победи јужниот сосед со 33:30.
Заедно со ноемврискиот двомеч во Солун, во кој прво ремизираа 29:29, за потоа да слават со 24:22, македонските ракометари покажаа дека знаат како со селекцијата што исто така ќе учествува на претстојното Европско првенство во Германија.
„Црвено-жолтите“ го добија првото полувреме со 15:13, но Грците израмнија во финишот пред повратникот во македонскиот национален тим да донесе трета победа во подготовките за ЕП, вклучувајќи ја и таа над Црна Гора од 54:51 по три одиграни полувремиња во Стара Пазова.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров за Германија заминуваат на 8 јануари, два дена подоцна ќе стартуваат против Франција во Диселдорф, а во рамките на групата А во Берлин ќе ги одмерат силите и со домаќинот, како и со Швајцарија.





